Новоизбраниот претседател на Кипар Никос Христодулидис денеска официјално ја презеде функцијата на церемонија одржана во Претставничкиот дом.
Во говорот во Парламентот и во присуство на претходниот претседател Никос Анастасиадис, според кипарските медиуми, Христодулидис се осврнал на неопходноста за решавање на кипарското прашање, на приоритетите во надворешната политика, во економијата и најавил надградба на институционалната соработка.
Паралелно, утрово беше соопштен и составот на новата кипарска Влада, а за утре е закажана првата владина седница.
Христодулидис (49) во периодот од март 2018 до јануари 2022 беше министер за надворешни работи, а на изборите на 12 февруари беше избран за осми претседател на Кипар.