ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каевски: Очекувам следната недела на координација да се отвори прашањето за работните група за датумот на изборите

November 12, 2023 16:57
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Портпаролот на СДСМ Дарко Каевски очекува на координација во текот на следната недела во Собранието да се отвори прашањето во однос на работните групи за утврдување на датумот на претседателските и парламентарните избори.

-Нашиот став околу датумот за изборите е принципиелен и уште од самиот почеток кажавме дека прво ќе се случат претседателските избори, а потоа во утврдениот законски рок, редовните парламентарни. Во делот на работните групи, очекувам на координација во текот на следната недела со сите координатори на политичките партии што се застапени во Собранието, да се отвори ова прашање и секако, ние како политичка партија, сме подготвени и ќе номинираме член за утврдување на точниот датум за одржуваме и на претседателските и на парламентарните редовни избори, согласно законите, рече денеска Каевски, на новинарско прашање.

Како што дополни, до Нова година има соодветно време да се формираат работните групи, потоа низ работа да се уврдат точните датуми за одржување на претседателските и редовните парламентарни избори што, потенцираше, верувам дека ќе се случи до крајот на оваа година. До Нова година веќе ќе имаме конкретен датум што очекувам дека ќе биде донесен со консензус, рече Каевски.

Прашан за коментар на Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава, портпаролот на СДСМ рече дека „ги потврдил фактите дека ВМРО-ДПМНЕ се кочничари на европскиот пат и на реформите“.

-Јасно се наведува дека ДПМНЕ активно ја блокираше работата на Собранието, што беше значајна пречка за работата на Собранието. И покрај опструкциите на опозицијата државата продолжува да ги исполнува условите за продолжување на преговорите за членство. Блокадите и опструкциите на Мицксои и ДПМНЕ мора да бидат поразени и јас сум убеде дека на следните избори ќе бидат поразени, тоа е за сите граѓани и за напредокот и иднинатата на нашата држава, наведе Каевски, кој одржа прес-конференција работата на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години.

Tags: избориКаевскиработна група
Next Post
Фото: МИА архива

Речиси пет милиони луѓе се внатрешно раселени во Украина, објави украинската вицепремиерка Верешчук

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk