Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Дали е исцрпеноста спонтан заговор со смртта- почеток на заминувањето за кој ќе процениме дека е оној вистинскиот, на половина пат.
Или е тоа објективно така, на 35 години и онака да бидеме исцрпени и преостанатите 165 години да ги минеме влечејќи се наоколу.
Слични ставови како овој на Сонтаг има и Гомбривич. И тој смета дека животот завршува околу триесеттата година, по што почнува процесот на умирањето.
Бавен и болен.
Јас не сум таков фаталист, макар што еден комшија кој на времето учествувал во некое меѓународно истражување ми потврди дека процесот на опаѓањето кај човекот почнува непосредно пред триесеттата година.
Јас на 72 години не гледам битна разлика со времето кога имав 35. Некои моќи и способности ги немам, се разбира, некои ми се ослабнати, но затоа имам некои други кои ми даваат задоволителна компензација.
Во ваков мир никогаш не сум слушал вака убава музика на врвен систем, ниту сум уживал во читањето и разбирањето на идеите, стиловите темите и животите на големите уметници и филозофи.
Во многу нешта со минување на годините животот станува помирен, имаш време да го посматраш и да уживаш во него, да го запознаваш на начин на кој не си можел како млад.
Се разбира ако имаш среќа да не те фати некоја терсене болест.
Една комшивка ме гледа на клупа во паркот зад Мајчин дом како пијам пиво и пишувам нешто на телефонот, па ми вика: Тричко, а бе ние пензионерите сме во најдобра положба, никој не те заебава, не те тера да работиш прекувремено, не ти се заканува дека ќе те избрка од работа ако не гласаш за неговите или дека ќе ти ја намали платата, сексуално нема кој да се обиде или да успева да те искористи од позиција на моќ, да те тера да му ја шишаш тревата пред викендицата во Маврово, е сега, пензијата не е нешто, ама вака така стигнува, се покриваме оти, слушај, и потребите ни се помали…
Така е комшивке, никогаш не би го менувал пензионерството за работа освен како можност да украдам некој милион евра за да можам да патувам, само тоа ми фали, мал вишок пари, ништо друго.
Хахаха!