Комисијата за заразни болести е составена од професионалци, врвни експерти, тие ги носеа сите одлуки, ги согледуваат сите состојби, прават анализи и утврдуваат факти и врз основа на наука предлагаат мерки, вели Спасовски за ТВ 24.
Ставот на ВМРО ДПМНЕ ми е јасен, да се политизира работата на Комисијата. Не е добро, не е коректно да се води политика преку лекарите. Ако ја политизираме целата работа тогаш нема никој да има полза. Христијан Мицкоски пред неколку дена ѝ веруваше на комисијата, од неа бараше мислења за изборите, а сега наеднаш не му се допаѓа комисијата, критикуваше премиерот и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски на телевизија 24.
Политиканството преку лекарите нема да донесе ред во државата, тоа ќе го направат изборите, кои стануваат неопходност и решение.
Изборите мора да се одржат врз основа на законските прописи и врз основа на владината уредба. Таа уредба ги прекина активностите околу изборите. Така што, кога ќе заврши вонредната состојба, роковите за избори ќе продолжат и остануваат уште 22 дена, а тоа се поклопува со 5 јули како можен датум. Затоа, ако ги следиме овие факти тогаш датумот за избори е јасен. Нам ни треба функционална држава и ако нема избори ќе нема ништо, рече Спасовски.