ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

June 2, 2020 19:57
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот до сега има 6.419.767 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починале 379.014, а оздравеле 2.941.660 луѓе.

Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 19 нови случаи на Ковид-19, од кои 12 се кај патници од летот Доха – Атина. Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата се зголеми на 2.937 лица. До 15 јуни 2020 година Секретаријатот за цивилна заштита на Грција одлучи да ги забрани летовите од и кон Катар откако во вчерашниот лет од Доха за Атина беа регистрирани 12 позитивни случаи на новиот коронавирус. Девет од нив се државјани на Пакистан со дозвола за престој во Грција, двајца се грчки државјани од Австралија, а еден е Јапонец.

Никозија – Од 1.473 тестови направени во изминатите 24 часа, на Кипар се регистрирани три нови случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, бројот на заразени е 952 лица.

Приштина – Во Косово вчера беа потврдени 27 новозаразени, со што бројката на лица кај кои досега е откриен новиот коронавирус достигна 1.110. Од нив излекувани се 843, а починале 30 лица, кои освен од Ковид-19 страдале и од други хронични болести. Активни во моментов во земјата се 237 случаи. Во лабораторијата за микробиологија на Институтот за јавно здравство на Косово вчера се испитани примероците на 172 лица за кои постоело сомневање дека се заразени, а од почетокот на пандемијата вкупно се извршени 15.140 тестирања.

Тирана – По вчерашните шест новозаразени, во последното деноноќие, во Албанија, повторно висока двоцифрена бројка на новозаразени со Ковид-19. Од тестираните 243 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 21, од нив шестмина се здравствени работници. Од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени изнесува 1.164, излекувани се 891 додека активни на болеста се 240 лица, од нив 27 се лекуваат болнички, при што четворица се на интензивна терапија додека еден е приклучен на респираторна машина. Починати се 33 лица кои боледувале и од други болести. Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди дека опасниот вирус не „заминал“ туку дека се уште е тука ,поради што потребно е да „бидат подготвени за втор бран“.

Белград – Во последните 24 часа, едно лице почина во Србија како резултат на коронавирусот, објавено е на веб-страницата на Министерството за здравство, covid19.rs. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 245. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 4.372 лица се тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 24 лица. Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.454 лица. 6.766 пациенти се излечени.

Вашингтон – Во САД бројот на болни од Ковид-19 надмина 1,8 милиони, а најмалку 105.167 лица починале. Во последните 24 часа во САД се заразиле уште 21.118 лица.

Лондон – Велика Британија денеска регистрира уште 111 смртни случаи од коронавирусот, најмалку откако се во сила рестриктивните мерки, соопшти министерот за здравство Мет Хенкок. Тој додаде дека вче е регистриран и најмал број на новозаразени од 27 март, потошно уште 1.570 случаи. Во земјата вкупно се починати 39.045 луѓе, а заразени се 276.332.

Москва – Во последните 24 часа во Русија починале уште 182 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи сега изнесува 5,037 лица, објави денеска кризниот центар задолжен за коронавирусот. Регистрирани се уште 8.863 случаи на заразени со Ковид-19м а вкупно заразени се 423.741 лица.

Њу Делхи – Бројот на заразени со коронавирусот во Индија се доближува до 200.000. Бројот на заболени во последните 24 часа е зголемен за 8.171 на 198.706, соопшти Министерството за здравство на земјата. Бројот на починати се зголеми на 5.598.

Валета – Малта ќе ги отвори своите граници на 1 јули за туристи од 16 европски земји, Израел и само одредени делови на Италија. Малтешките власти денеска соопштија дека ќе ги отворат своите граници за туристите кои пристигнуваат од италијанските острови Сицилија и Сардинија, но не и од другите делови на Италија.

Прага – Чешката Влада објави дека од 15 јуни на нејзините граѓани ќе им биде дозволено да патуваат во 29 европски земји. Владата, исто така, информира дека граѓаните на 19 држави кои се сметаат за безбедни, ќе можат да влезат во Чешка без никакви рестриктивни мерки, додека граѓаните од останатите 10 земји ќе треба да покажат негативен тест за коронавирус.

Мексико Сити – Бројот на починати во Мексико надмина 10.000, соопшти Министерството за здравство. Во последните 24 часа се регистрирани 237 смртни случаи, со што бројот на починати достигна 10.167, соопшти мексиканското Министерство за здравство. Вкупниот број на заразени е 93.435, а најмногу заразени има во Мексико Сити./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Спасовски на ТВ 24: Обезбедени се пари за функционирање на државата до крајот на годината

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Филипче од Карпош: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

October 6, 2025
Фото: Шанса за Центар

Ивановска: Обнова на СРЦ Кале – спортот не смее да биде луксуз

October 6, 2025
фото: Кабинет на претседателката

Сиљановска Давкова – Бегај во Драч: Земјите членки на Унијата сакаат многу брзо да го видат регионот во рамките на ЕУ

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 6 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Слушнавме експлозија, земјата се стресе, мислевме дека е земјотрес, сведочат жители за водоводниот дефект во Влае

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев кон Мицкоски: Со небулози, клевети и навреди сака да се оправда за катастрофата која ѝ ја нанесува на државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk