ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јазовецот Герасим

Герасим кроце-покроце го зафати крајната фаза на болеста што кулминираше со апсолутна изолација манифестирана со страшна вербална онанија, која беше резултат на силни фрустрации од неуспешни додворувања

October 13, 2019 12:17
in АХА!
Badger

Badger

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: РИБАРО

Во една земја од приказните, таму долу на северот од југот, живееше јазовецот Герасим.  Герасим беше јазовец, во за јазовец бааѓи одмината средна доба, секогаш добро зафатен, никогаш добро прифатен.

Имаше тој така една за јазовец грда дијагноза која во земјата ја нарекуваа его-еб и ја сметаа за сериозна болест, иако не беше животозагрозувачка за пациентот. Герасим таа болест не ја третираше за болест, туку за уникатна карактерна особина на која тој всушност беше горд. Свесен за својата состојба се навикна и живееше во една средина опкружен со слични, но помали екстремни егзамплари со его-еб дијагноза.

Но, Герасим кроце-покроце го зафати крајната фаза на болеста што кулминираше со апсолутна изолација манифестирана со страшна вербална онанија, која беше резултат на силни фрустрации од неуспешни додворувања. Герасим јазовецот, отсекогаш сакаше да се наметне како кројач на јавното мислење во земјата од приказните. За негова жал, освен во својата глава, тоа никогаш не успеа да го постигне.

Иако неважно за приказната, но политичката состојба во земјата од приказните, тогаш конечно имаше зафатено еден правец и курс што другите земји од приказните конечно почнаа да го препознаваат. Земјата на северот од југот излегуваше од изолацијата која им беше наметната со векови, а јазовци како Герасим беа престрашени од таквата состојба и од таквите нови текови, зашто тој во една таква нормална и прогресивна средина, не знаеше добро да гризе и да се снаоѓа.

Залихите од некакви минати заслуги (кога Герасим бил на почетокот од својата кариера важел за добро професионално поткован и итар јазовец), како резултат на дијагностицираниот его-еб, сè повеќе и се побргу почнал да ги троши. Колегите кои порано го поздравувале со една доза на респект, почнале да го избегнуваат и заобиколуваат. Уште тогаш се наѕирале симптомите на его-ебот, но нејсе…

Беше сам.

Ги мереше сокаците затскриен во сенките од околните згради и секогаш завиткан во стариот капут од минатите достигнувања. Веќе и тој капут беше премал за да ги скрие ефектите од его-ебот кој навлегуваше во сега веќе загрижувачка фаза од која нема враќање. И во минатото Герасим знаеше да прави ментални луфтирации, кои резултираа со промена на неговите мислења во правци сосема спротивни од тоа што претходно кажал, но тогаш тоа му се земаше и се сметаше за сосема нормална промена на ставови за еден самосвесен и прогресивен јазовец, за каков што важел Герасим на времето.

Сега веќе кога успеа да ги протурка сите можни его комбинаторики и кога не му остана ништо повеќе за што може да ги врзе само за него разбирливите тези, сега, јазовецот Герасим почна да се самозакопува во јазовечката дупка.

Јазовечката дупка во земјата од приказните беше онаа пирамида каде се закопуваа јазовците кои не можат да се помират со сопствената и со судбината на времето. Во таа дупка, јазовецот остануваше сам со својот его-еб и со две огледала. Тоа беше конечната его-еб фаза, од која немаше враќање, а за минат интелект како Герасим, тоа беше најстрашното што може да му се случи.

Ако добро го начулиме вниманието и ден денес може да се чујат репликите кои Герасим во дупката со огледалата си ги расправа сам со себе. Тоа се така контраверзни реплики една со друга, што просто звучат неверојатно дека се од еден ист јазовец.

Завртен кон едното огледало вика Герасим на себе:

– Вистинските патриоти треба да се грижат оваа земја да стане членка на сојузот на земјите од приказните и членка на воената формација на тие земји, да ја обезбеди својата иднина, да ја обезбедиме иднината на нашите деца, а не како инфантилни дерлиња да се караме со сите, со нашите пријатели. Тоа е патриотизам!

Потоа се врти јаден Герасим кон огледалото од спротивната страна и повторно вика на сопствениот одраз:

Веќе не можам да мижам и да молчам, па ќе кажам отворено – знам што ви пречи и знам што сакате да постигнете, другарчиња. Вам ви пречи името на земјата од приказните на северот од југот и сакате по секоја цена да го „посеверчите“!

Па повторно се врти кон другото огледало:

– Никаде во светот, буквално никаде, освен овде, не се води спор за идентитетот, само ние ги шириме тие стравови и ги плашиме јазовците. Тоа се прави за пропагандни цели!

Во овој правец се распознаваат бесконечните реплики што јадниот пролупан јазовец си ги кажува сам на себе.

Многу грда болест его-ебот. Еднo поранешенo јазовиште за его-еб пациентите знаеше да даде краток опис: – Он се не слаже са својим мишљењем!

Позитивното од оваа приказна за јазовецот Герасим од земјата на приказните, таму долу на северот од југот, е тоа што тој не знае дека живее во дупка со две огледала, туку продолжува да си живее во шумата од сопствените зашумоглавени фрустрации, горд и опиен од себе.

Среќно Герасиме!


Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана. 
FRONTLINE.MK 

Next Post
Мицкоски на колена. Протестен марш во Штип, 16.9.2018 година

Христијан и “груевизмот”!

НАЈНОВО

ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

Препораки и мерки од Министерството за здравство за актуелната состојба со сметот во Скопје

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk