ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Сè уште се трага по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје

November 28, 2023 09:13
in ДЕНЕС, ХРОНИКА

Нема нови информации, полицијата сè уште трага по 14-годишното девојче Вања Ѓорчевска, на кое вчера му се изгуби трагата, откако во 7 часот утрото заминало во училиште, во Општина Центар. За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка.

„Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816“, стои во објавата на мајката.

Доцна вечерта во додаток на објавата мајката апелираше да запрат дезинформациите и се заблагодари на МВР за ангажманот за наоѓање на девојчето.

„Би сакала многу да се заблагодарам до министерството за внатрешни работи кое несебично е на терен и доцна вечерва за да го пронајде моето малолетно дете. Ве молам не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето.“, напиша мајката на Фејсбук.

Во изјава за „Слободен печат“, мајката вели дека ја нема Вања на снимките од камерите.

Цела ноќ бевме во полициска станица Беко и сите полициски единици се максимално ангажирани и затоа ми е криво што ја критикуваат полицијата. Верувајте дека се прават но ќерка ми ја нема… Сите опции се разгледуваат од страна на полицијата, нема насока во која не се размислува и во која не се истражува. Се претресуваше собата, сите пораки се прегледаа, компјутерот им го дадов, ништо не најдовме. Роднини се вклучија, родителите на соучениците, камерите се разгледаа, но тие немаат поширок спектар и гледаат само блиску до бизнисите. Никаде ја нема, на ниедна снимка, изјави мајката.

„Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката.“, соопштија синоќа од МВР.

Next Post

Предлог-измените на Законот за здравствена заштита на дневен ред на собраниската Комисија за здравство

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Трамп пред разговорите во Белата куќа му порача на Зеленски да се откаже од Крим и никогаш да не се приклучи на НАТО

August 18, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Знам што правам – окончав шест војни за шест месеци

August 18, 2025
фото: Елбит Системс

Тајмс оф Израел: Србија купува израелска воена опрема вредна 1,64 милијарди долари

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk