ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Кос: Советот на ЕУ во ноември би можел да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Украина и Молдавија

October 20, 2025 12:20
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето на реформите, се справуваат со корупцијата, ги зајакнуваат институциите и ги почитуваат принципите на владеењето на правото.

– Уверена сум дека земјите членки нема да сакаат да видат како сето тоа запира, бидејќи ако застанеме сега, тоа е нешто што би и помогнало на Русија, додаде Кос.

На прашање како Европската комисија планира да го надмине ветото од страна на Унгарија за старт на преговорите на ЕУ со Украина, Кос истакна дека се разгледуваат сите можности и дека ќе се продолжи во тој правец, потенцирајќи дека проширувањето е принцип базиран на заслуги и Киев испорача во тој правец.

– Унгарија не се спротивстави на давањето статус на кандидат за членство на Украина, па затоа и сега очекувам унгарска поддршка за го отвориме првиот кластер, а потоа и сите други. Ако Унгарија е загрижена за унгарското малцинството во Украина, можеме да се справиме со тоа во рамки на Кластерот Еден, рече Кос.

Таа додаде дека пред неколку недели ја посетила областа во Украина каде живее унгарското малцинства и разговарала со нивните претставници, при што, како што рече, ниту еден од нив не се пожалил на она што го тврди Унгарија.

Во врска со користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, Кос рече дека тоа е прашање за кое се дискутира и се разгледуваат правно заснованите можности за реализација на таа идеја за доброто на Европската Унија и на нејзините земји членки.

Еврокомесарката за проширување додаде дека покрај за европските перспективи на Украина и Молдавија, на состанок ќе стане збор и за „загрижувачките случувања во Грузија“,

– Народот на Грузија на последните три избори и преку тековните протести кажува, а и анкетите покажуваат, дека сака европската иднина, но тоа не го сака и Владата. Нивната Влада очигледно не го слуша сопствениот народ и не сака да оди по европскиот пат, рече Кос.

Таа додаде дека противниците на грузиската Влада се затворани, а се замолчуваат новинарите и организациите на граѓанското општество.

– Во исто време, од оние кои се на власт се промовираат дезинформации против Европа и Европската Унија. Ги осудуваме тие лажни наративи и сите напади врз европските институции, врз претставниците на европските институции и нашите земји членки и ја повикуваме Владата на Грузија да го слушне својот народ, да биде инклузивна, да разговара со граѓанското општество и да ја следи нивната желба да станат дел од Европа, истакна Кос.

Таа додаде и дека со договорот меѓу Ерменија и Азербејџан првпат се добива можност да се воспостави мир во целиот кавкаски регион, што отвора перспективи преку тоа подрачје Европа да гради нови инфраструктури на поврзување со Централна Азија, откако трговските патишта низ Русија што претходно ги поврзуваа беа затворени со руската агресија врз Украина.

– Во денешната геополитичка ситуација многу е важно да можеме да сметаме на добри партнерства и да имаме заеднички инфраструктурни проекти, што би значело ние Европејците да станеме помалку зависни во областа на енергетиката, трговијата… Мислам дека повеќе опции ќе значат поголема независност за цела Европа, додаде Кос.

Според неа, во тој правец ќе биде и денешниот Министерскиот состанок за меѓурегионална безбедност и поврзаност, што ќе се одржи по седницата на Советот за надворешни работи. Таа најави дека следната средба во овој формат меѓу ЕУ и земјите од регионите на Црното Море и Централна Азија ќе се одржи кон крајот на ноември во Ташкент.

Next Post
Фото: Генерирано со ВИ

Верстапен победи на Големата награда на САД

Shortcut

Најново

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk