ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Анализа: Предлог-законот за високи раководители ја задржува политичката контрола врз администрацијата

February 3, 2026 08:48
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите не носи суштинска реформа и не обезбедува професионална и независна висока раководна служба, покажува анализата „Разграничување на политичкото и административното“, изработена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, со поддршка на Националниот фонд за демократија .

Во документот се наведува дека, иако донесувањето на ваков закон е клучна мерка во Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023–2030, предложеното решение не воспоставува кариерна и меритократска висока раководна служба, туку ги задржува постојните механизми на политичко влијание и дискреција.

Како еден од клучните проблеми се посочува врзувањето на мандатите на високите раководители, особено на државните секретари, со мандатот на Владата. Според анализата, ваквиот пристап ја поткопува автономијата и институционалниот континуитет на администрацијата и ја прави зависна од политичките промени .

Дополнително, се укажува дека предлог-законот има селективен и нецелосен опфат на институциите. Од режимот на новиот закон се изземени важни институции, како Министерството за внатрешни работи и Генералниот секретар на Владата, а не се опфатени ниту независните и регулаторните тела, што создава фрагментиран систем без унифицирани критериуми за избор на високи раководители.

Анализата посебно ја проблематизира и улогата на комисиите за селекција, нагласувајќи дека клучната комисија во Владата нема законски гаранции за независност и стручност, бидејќи нејзиниот состав и правила се уредуваат со подзаконски акт – Деловникот на Владата.

Како ризик се наведува и широката дискреција на Владата и министрите при конечниот избор и разрешување на раководните лица, како и можноста за повторување на постапките за избор сè додека не се добие „посакуван“ кандидат, што, според авторите, отвора простор за клиентелизам и политички реваншизам.

Во заклучокот се наведува дека без суштински интервенции од страна на Собранието, предлог-законот ризикува да ја легитимира досегашната практика на политичко влијание врз администрацијата, наместо да создаде професионален, автономен и меритократски систем на висока раководна служба .

Ј. Ѓ

Next Post

АА на Таравари бара итна независна истрага: Истражувањето на „Фокус“ отвора сериозни сомнежи за градоначалникот Касами

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk