ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ излезе со 10 итни мерки за побезбедни училишта

May 15, 2026 15:05
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Состојбата со насилството во училиштата станува сè поалармантна, а Министерството за образование и наука не презема активности во заштитата на учениците и безбедноста во училиштата, соопштуваат од СДСМ.

СДСМ побара одговорност од Весна Јаневска и директорите, вондреден испекциски надзор и излезе со 10 итни мерки за системско подобрување на безбедноста на учениците.

„Секојдневно сме сведоци на булинг, физички пресметки, закани и инциденти со ладно оружје во училиштата и ученичките домови. Ова е јасен сигнал дека системот потфрла, и уште колку инциденти треба да се случат во училиштата за Министерството за образование конечно да признае дека состојбата е алармантна? Кој ќе понесе одговорност? рече Јованче Манасков, претседател на Комисијата за образование и наука, на денешната прес-конференција.

„Кога тендерите и финансиските интереси стануваат приоритет, а законите и заштитата на учениците се ставаат во втор план, тогаш се случува токму тоа што го гледаме денес – децата се занемарени, без заштита, додека наставниците и професорите се оставени сами да се справуваат со една системска неспособност.“ додаде тој.

Манасков потенцираше дека очигледно е дека институциите немаат координација ниту план за реакција, државата нема стратегија за превенција и за системска реакција. За жал, цената ја плаќаат учениците, а институциите ја изгубиле во целост контролата врз состојбата во образованието.

Поради институционален неуспех, СДСМ предлага 10 итни мерки за побезбедни училишта и ученички домови:

1. Итно воведување унифициран безбедносен протокол во сите основни и средни училишта.
Јасни процедури за постапување при булинг, физичко насилство, закани и внесување оружје.
2. Итно вработување психолози и педагози таму каде што со години недостига стручен кадар.
Државата не може да зборува за безбедност, а училиштата да останат без стручни служби. Минимум еден психолог на 300 ученици и задолжителна психолошка служба во ученичките домови.
3. Формирање училишни тимови за превенција на насилство.
Тимови составени од психолог, педагог, наставници и претставници на родители со обврска за брза реакција.
4. Национална анти-булинг програма.
Редовни работилници и едукации за ученици, родители и наставници за препознавање и спречување на булинг.
5. Засилена соработка помеѓу училиштата, МВР и центрите за социјална работа.
Институциите да не реагираат дури откако трагедијата ќе стане вест, туку превентивно и координирано.
6. Воведување анонимна линија и дигитална платформа за пријавување насилство.
Учениците без страв да можат да пријават булинг, закани или опасно однесување.
7. Поголема безбедност во училиштата и ученичките домови со засилени контроли, подобар надзор и редовни превентивни проверки околу училиштата.
8. Обврзувачки програми за ментално здравје кај младите, со поголем фокус на емоционална поддршка, стрес, анксиозност и меѓуврснички односи.
9. Построга одговорност за институциите што не реагираат навремено со законска обврска за постапување по секоја пријава во рок од 24 часа.

Да се утврди одговорност кај раководства и институции кои игнорирале пријави или пропуштиле да постапат. Игнорирањето на насилството создава уште поголемо насилство, а институционалната бавност создава чувство дека насилството е дозволено.

10. Формирање национален кризен штаб за безбедност во образованието.

Очигледно дека институциите немаат координација ниту план за реакција, државата нема стратегија за превенција и за системска реакција. За жал, цената ја плаќаат учениците, а институциите ја изгубиле во целост контролата врз состојбата во образованието.

„Овие мерки се неопходни за да се спречи насилството и да се обезбеди безбедна средина за учениците, бидејќи тие не смеат да бидат жртви на системски пропусти“, потенцираше Манасков.

Next Post
Фото: Влада

Мицкоски: Опозицијата го кочи напредокот на реформската агенда, преку блокирање на работната група за Изборниот законик

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk