Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Еден Сармат да истреламе и Британија ја нема.
Само врвот на Биг Бен ќе остане да штрчи како спомен на една голема нација и како одморалиште и сералиште на галебите.
И „Олд Трафорд“ како сплав.
На медузите.
Имаме бомба која може да уништи површина колку една Франција.
Фасцинантно.
Како дошле на идеја да произведат бомба која може да уништи илјада Македонии?
Кога сите знаеме дека само една, и тоа не цела, е од непроценливо богатство.
Тоа чудо мора да има атомско полнење од македонски говна: Бачев, Биљана, Сузана, Ќулафкова… Жмицко, Хер Флик и Лигњата која ги лета и сето тоа го носи кон целта: Париз!!!
Или Берлин, ако е целта да се уништи Германија.
Па, добро, тавариши, имате ли нешто помало.
Нешто што ќе ја уништи рампата ако бомбата ја фрлиме врз Бугарија.
Не Бугарија, кој курац би правеле со толкава рупетина во комшии, без Руменчо и Захариева, Краси и останатата руска афилијација, ама рампата да одлета у пизду материну, тоа да, а левото и сите други кубиња на Аја Софија во Истанбул да си останат исправени.
И Тасос да не клапне.
Да си остане за летување.
Но, електрична пегла и паста за заби немаат.
Ниту влошки без крилца.
Ништо што е полесно од пет тони.
Освен отров.
Имаат одличен, лесен, физички лесен и лесен за употреба, мошне ефикасен, отров.
Новичок.
Полониум.
Путиниум.
Шојгуцин.
Со нула пет милилитри Шојгуцин можете да отруете луѓе колку што денеска живеат во Шангај или во Мексико сити.
Дватцат милионав.
Има ли друг таков отров на светот?
Нема.
Е, па нема, так нормаљна.
Немаат дури ниту обичен чајник, туку дневните соби ги исполнуваат со огромни блиндирани самовари во форма на бомба.
Околу Урал прават вотка од акумулаторска киселина и снег.
Русинот никогаш не бил ништо друго освен топовско месо за одбрана и ширење на империјата.
Маса која во кафезот на царството цел живот јаде слама и се спрема да умре за царот.
Чека да му дојде коњ со порака во потковицата.
Понеже њет телефонав.
Секогаш го држеле настрана од светските цивилизациски и културолошки процеси.
Од конфликтите, драмите и трагедиите низ кои се раѓала и растела цивилизацијата.
Од крстоносните и верските војни, преку ренесансата, до модерната и постмодерната, во сѐ, во религијата, во писменоста, во архитектурата, во музиката, во филозофијата.
До наполеонското време, со победи и пораз и до болшевичката револуција, кои, всушност, ја потврдиле изолацијата.
Ги нема дури и во колонијалното освојување на светот.
Мислеле дека надвор од Русија нема друг свет.
Будали.
Пијани хазјаини.
И по големата победа над нацизмот, државата направи што? Се самофрли зад железната завеса, а народот со радост ја прифати невидената беда.
Народот кој даде, колку, 20 милиони жртви, што говори за храброста на Русите, но и за односот на началството кон таа „евтина стока“.
Во меѓувреме живееше победно од копачите на дијаманти во Сиера Леоне.
Само на таа мака и трагедија можеле да се родат големите поети и романописци.
Толстој со своите раскази и епски романи и Достоевски со својата книжевна клиника за болните души.
Кои го погодија, не руското, туку европското време.
И одлетаа во легендите на чии крила путинистите сега ја правдаат смртта на илјадници невини луѓе во Украина и нестварните разорувања на сѐ што е повисоко од кутија цигари.
Да не правиме муабет за драмите и песните, за балетаните и балерините.
За научниците.
Сите беа прогонувани, убивани или шкопени и ставани во служба на царизмот.
Бољарската елита изградена на ропскиот труд на селанецот и војничката елита од пијандури и по некој талент, сето тоа дури и од времето на Петар и на Катерина и нивните европски врски и амбиции, е малку за да се каже дека Русија како формација, како саморазбирање, како организација, има малку од малку подебела рецка во европската, па и светска цивилизациска мапа.
Дебела, неверојатна, провинција.
Поединци во сите области да, но малку, многу малку, за да може да се каже дека успеале големата мечка да ја кренат и да ја култивираат на модерен начин.
За жал.
Тоа е основата на која се роди големиот европски Ким.
Луд колку и корејскиот, но илјада пати поопасен.
Приказната за православната духовност и душевност и за руската словенска душа, широка колку Дон и Волга заедно, е приказна која има врска со стварноста колку што има врска приказната за отвореноста, мекоста, гостољубивоста, солидарноста, храброста, слободољубивоста, на македонскиот човек.
Всушност, многу помалку.
Освежувањето и вклучувањето во светските процеси, не на војнички, туку на пазарен, макар и монополски начин, отворањето кон Европа и кон светот, снажните промени во културниот код на Русите, на дел од Русите, јакнењето на државата, сето тоа од една царистички амбицирана будала беше прокоцкано во трагичната визија за загрозеноста на Русија и за улогата на Русија во изградбата на новиот светски поредок во кој Запад ќе биде елиминиран или па рускаму – припитомен.
Со тенкови и ракети.
Колку треба да си луд за да влезеш во ваков проект со неверојатни ресурси, со можности за планетарна деструкција без остаток и со нула обѕири кон сѐ.
Новите исчекори на цивилизациите, крајот на цивилизациите или раѓањето на новите цивилизации, секогаш биле тешки и мачни процеси, ништо така големо и важно не се случило со никаква специјална операција. Најмалку со ракети кои можат да уништат површина колку 500 обединети Македонии.
Со главен град Солун.
Морален, верски, административен, образовен, правен, пакет ти треба, Путинчо, плус илјада години време, а ти немаш ништо од тоа.
Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.