ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Републиката во пламен традиционално на Илинден

August 2, 2024 20:49
in ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Долги години наназад, откако паметам, чествувањето на Илинден беше проследено со емитување на антологиското остварување на македонската филмографија, играниот филм „Републиката во пламен“на националната телевизија.

Традицијата продолжува и оваа година. Но, оваа година има и една нова, дополнителна содржина, која не го опфаќа само историскиот аспект. Оваа година републиката е и буквално во пламен.

И додека некои се борат со огнената стихија, која не само што причинува непроценлива материјална и еколошка штета, туку, за жал, одзема и човечки животи,  некои се сликаат. Во разни пози, најчесто селфи, илити самослик.

Додека Македонија гори, премиерот Христијан Мицкоски се слика. Тој на својот фејсбук профил, во стилот на највлијателните инфлуенсерки, со широка насмевка споделува селфи фотографија со свои обожавателки, откако неговите пратеници и оние од коалицијата која ја предводи одбија да изгласаат амандман кој ќе овозможи парично да бидат наградени пожарникарите, војниците и полицајците кои по цена на својот живот и здравје, голтајќи чад додека деноноќно се борат со огнената стихија за да може премиерот да си прави селфиња, покажувајќи ја својата колекција од хронометри по цена на пристојно противпожарно возило. Секако, на борците со стихијата по ваквата неправда не им падна на памет да се откажат од гаснењето пожари, како што тоа патриотски го најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска дека ќе си замине од позицијата министер ако и ги намалат функционерските 78% од плата,

Ерозијата на морал при „прославата“ (попрво би рекол сквернавењето) на Илинден дополнително може да се согледа и од бесрамното сликање со граѓание ( оние најверни поддржувачи кои смеат да се доближат до „светите“ владини функционер), додека не се пуштаат парите од скенираните сметки,а наместо тоа, поради укинатите субвенции пристигнуваат астрономски сметки за струја, најавеното покачување на плати годинава нема да има, а најверојатно и колективните договори ќе одат во аут, додека тивко и затскриено  секојдневно растат цените на производите во маркетите, со ребалансот на Буџетот се скратени средствата за здравството и студентите, за некако да се  подмитат пензионерите, но со двојно помало покачување на пензиите од ветеното пред избори, се крати и финансиската поддршка за домашните компании додека истовремено, владата на ВМРО -ДПМНЕ рабoти со полна пареа за олигарсите, најавувајќи дека ќе го разгледа барањето за укинување на неделата како неработен ден и планира да го намали данокот за најбогатите компании по средбата на Мицкоски со првиот човек на Спопанската комора кога безмалку премиерот на нашата земја не му седна в скут на Азески, откако овој го остави да виси со раката во воздух по невозвратениот поздрав.

Но затоа, задскриен зад толпата присутни членови и смпатизери, кои во екот на пожари го пречекаа лидерот со шпалир од запалени факели, и живиот ѕид од вмровски и коалициски функционери, минситри, заменици, секретари, директори, членови на управни одбори, во 25-минутниот говор на Мечкин камен, кој повеќе наликуваше на предизборен митинг, отколку на прослава на големиот македонски празник, во обид да се претстави себе си како човек кој одлучува во државата, наспроти видеото на кое е в о улога на слеп послушник на Азески, откако со пола уста повика на обединување, својата божемна сила ја покажа со жестоки напади врз опозицијата со веќе излитените и илјада пати повторуваните флоскули.

А дека уште е време комитско, се виде во предвечерјето на илинденскиот коњички марш, кога на комитата одговорен за возниот парк непознати сторители му ги украле коњите, откако овој заспал на должност. Толку цврсто спиел, што коњокрадците успеале коњите да ги натоварат на возило и да си заминат. За среќа, истите беа пронајдени како мирно пасат во парк во Кавадарци, со што паднаа во вода шпекулациите дека коњите ги украл минатогодишниот комита во обид, другарот Вардарски, од завист дека оваа година нема да може да јава со комитската коњица. Истиот, не можејќи да поднесе што не е дел од овогодинешниот спектакуларен настан, според извори запознаени со душевната траума што ја чувствува несудениот коњаник, тој тргнал јужно по Вардар и стигнал до Паљури (не Паљурци) во соседна Грција, откако го згрешил патот, па наместо десно за Кукуш, свртел лево.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на авторот

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Претежно стабилно и топло време по продолжениот викенд

НАЈНОВО

Медицинска сестра сведочеше како се давале терапии додека Васев бил директор на Онкологија

September 16, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Убиената велешанка повеќепати го пријавувала поранешниот партнер за насилство, бил условно осуден на 9 септември

September 16, 2025

Мицкоски смета дека единствено Левица и фрла гума за спасување на ДУИ за локалните избори

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ја објави листата на кандидати за советници за Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО ВЕСТ) „Хибридни напади“ покрај контејнерите во Аеродром

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена активната транспарентност на министерствата и Владата во однос на лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk