МИНИСТЕРСТВОТО за здравство соопшти дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице.
ДЕНЕСКА преку кинеската амбасада, МВР доби донација во медицинско-хигиенски материјали наменети за заштита на вработените кои заедно со здравствените работници се на првата линија во справувањето со актуелната епидемиолошка состојба предизвикана од вирусот Ковид 19.
ПОРАНЕШНИОТ градоначалник на Битола Владимир Талески доби осум години затвор. Во казната е вклучено и времето поминато во притвор. Останатите обвинети дел добија затворски казни во траење од 2 и пол до 6 и пол години, а дел добија условни казни.
СУДИЈКАТА Добрила Кацарска денеска пред двајца обвинети и четворица адвокати ја прочита пресудата во која наведе дека обвинетите се виновни за злоупотреба на службена положба и овластување.
ВТОР сет мерки за поддршка на економијата која се соочува со последици поради корона вирусот презентира денеска Владата на прес-конференција.
СПАСОВСКИ: Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои како вонредната состојба беа тешки, но неминовни. И дадоа резултати. Сега е важно максимално да се намали ширењето на вирусот. Да им да дадеме можност на сите да бидат згрижени. Ова е нашиот паралелен фронт, на кој ќе се спротивставиме на корона вирусот. Да обезбедиме ликвидност и финансиска инјекција за да се соочуваат повеќе работни места.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Дебар поднесе предлог за издавање казнен налог против 27-годишен жител на Дебар за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
ДЕЗИНФЕКЦИЈА на трите сообраќајни влеза во Кочани и затворање на повеќенаменските
игралишта се новите мерки за заштита и спречување на ширење на болеста КОВИД-19,
што ги определи Општинскиот кризен штаб – Кочани на денешниов состанок.
ВЛИЈАНИЕТО на глобалната пандемија врз цената на нафтата, алкохолот, тутунот и храната предизвика пад на инфлацијата на ниво од 0,7 отсто во еврозоната во март годинава, покажуваат податоците на агенцијата за статистика на Европската унија „Евростат“.
РЕДАКЦИЈАТА на Фронтлајн стапи во контакт со раководителот на секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции, Јонче Гроздановски да ни објасни околу придобивките и шпекулациите за петтата генерација инернет – 5G.
ФРОНТ: Џабир Дерала: Како Мицковски и неговиот одбор јунаци ја пропуштаат историјата?
КОМПАНИИТЕ кои вршат енергетски дејности како и претпријатијата даватели на водни услуги да се воздржат од исклучување на граѓаните од нивните мрежи поради неплатени сметки додека на сила е вонредната состојба поради пандемијата со КОВИД – 19, апелира Регулаторната комисија за енергетика.
КОМЕРЦИЈАЛНА банка АД Скопје обезбеди парична донација во износ од 6.150.000 денари и дополнителна заштитна опрема (34.250 медицински заштитни маски за лице) во вредност од 1.200.000 денари за потребите на Министерството за здравство, со цел да им помогне на здравствените работници во справување кризата предизвикана од корона вирусот.
СТОПАНСКАТА комора на Македонија го поздравува влезот на земјава во НАТО, а со овој чин велат се остварува нашата повеќедецениска стратешка цел со која, освен од безбедносен, ни се отвораат големи перспективи и од економски аспект.
СРПСКА Влада на денешната седница усвои одлука со која на сите здравствени работници од 1 април им се зголемува платата за десет отсто, соопштија Владата.
ПРВОТО лице од Косово кај кое беше откриено присуството на Ковид-19, 77-годишен маж од Витина, и во второто испитување во Инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, резултира со негативен наод на вирусот.
НУРКАЧИТЕ од нуркачкиот клуб „Амфора” од Охрид на нивен начин на граѓаните во земјата им го честитаа зачленувањето во НАТО.
МИНИСТЕРСТВОТО за внатрешни работи на Косово денеска поднесе кривична пријава против претседателот на државата Хашим Тачи, поради тоа што тој повика да не се почитуваат владините одлуки. Според приштина Коха, за делото е предвидена казна затвор до пет години.
СПОРЕД прогнозите на италијанскиот Институт Ејнауди за економија и финансии, епидемијата на новиот корона вирус во Италија би завршила до 5 мај.
ВО Туркменистан забранета е употребата на зборот „корона вирус“ и исклучен е од секојдневниот говор, со цел да ги скријат информациите за пандемијата, соопшти невладината организација Репортери без граници.
ВО пладневните часови се очекува промена на времето, со повремен дожд, а на планините со повремен снег. Врнежите до крајот на денот ќе се прошират насекаде и ќе продолжат и преку ноќта.