Вредно четиво за можноста сообраќајно да направиме решенија кои ќе помогнат во физичкото дистанцирање, безбедноста, намаленото загадување, спокојството на живеење и движење. Во што се разликуваме и што мора да направиме поинаку:
– Тротоарите треба да ги прошириме, никако стеснуваме
– Тротоарите да ги исчистиме од паркирани возила
– Потребите на граѓаните се сега најочигледни и за нив нема потреба од дополнителен паркинг, тоа да се запамети
– Да евидентираме точни податоци колку нов сообраќај е воопшто можен, за да се спречи, а не да се лечи хаосот
– Стимулирање на велосипедизам и пешачење како масовен спорт е опција оставена на локалните власти
– Улиците во маалата да ги направиме доминантно пешачки и велосипетски, тивки и со макс 20км/ч, но со бариери кои тоа ќе го наметнат
– Паркиралишта за велосипеди да бидат дел од секој проект на објект, на улица, на план
– Паркингот потребен за бизнисот да се пренасочи само кон гаражи, никако по улици,
– Паркирање на пешачки и пиење кафе со џипот до маса да се казнува НАЈСТРОГО!
P.S. Во некој друг пост повеќе за претпријатијата за Паркирање и нивните приходи и расходи кои секако нема да се исти ако хаосот се стави под контрола.
Фејсбук пост на Јана Белчева