ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Што му носи Украина на НАТО

Некои се сомневаат во мудроста да ѝ се додели на Украина членство во НАТО, предупредувајќи дека тоа на алијансата нема ништо друго да ѝ донесе освен главоболки. Всушност, Украина носи многу на масата, од војска тестирана на бојното поле до способност да дејствува како модел на функционална демократија што ќе ѝ биде потребна на повоена Русија.

July 12, 2023 15:27
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Јулија Тимошенко. Фото: EPA-EFE/ALEKSANDR PROKOPENKO

Јулија Тимошенко. Фото: EPA-EFE/ALEKSANDR PROKOPENKO

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈУЛИЈА ТИМОШЕНКО / Project Syndicate

Оваа недела, речиси секој Украинец ќе гледа со копнеж кон главниот град на Литванија, Вилнус. Токму таму, на самитот на лидерите на НАТО, ќе започне да се одлучува за нашето место во Европа и на Запад.

Иако во суштина сите Украинци сонуваат за членство во НАТО, бруталната борба во која бевме принудени да се вклучиме откако Русија ја нападна нашата земја пред речиси 18 месеци, нè научи на тешки лекции по реализам. Така, сите сме доволно свесни дека нема да биде лесен подвиг да се претвори нашиот сон за НАТО во реалност. Јас сум секако свесна: во 2018 година, јас го потпишав писмото за приклучување на Украина до генералниот секретар на НАТО. А сепак, Украина остана надвор од Алијансата – со големи последици.

Никој не очекува на Украина да ѝ биде понудено членство во НАТО додека војна беснее на нашата територија. Ова секако би ја принудило алијансата, според член 5 од нејзиниот основачки договор, да интервенира во конфликтот. Идејата за целосна војна помеѓу НАТО и Русија – земја нуклеарно вооружена која веќе покажа криминално ниво на непромисленост – на никого не му одговара, па ниту на Украинците.

Но, сегашната војна нема да трае засекогаш. Вештините и храброста на нашите војници, заедно со посветеноста на нашите сојузници и пријатели – не само членки на НАТО, туку и десетици други земји, дури до Јапонија – да не снабдуваат со оружјата што ни се потребни за да ја протераме Русија од нашата територија ќе се погрижат за тоа. Членството во НАТО за Украина, според тоа, е за тоа што е потребно откако војната ќе заврши. Се работи за обновување и одржување на мирот во Европа и оттука за исполнување на најосновната цел на НАТО.

Сепак, во рамките на алијансата, постојат сомнежи за мудроста да станеме членки. Дозволете ми да се обидам да отфрлам некои од нив.

Некои се чини се загрижени дека Украина ќе стане некој вид на паразит, што на НАТО нема да му понуди ништо друго освен главоболки. Но, не може да има подобар доказ за спротивното од нашиот ефективен отпор – и конечниот пораз – на Русија на бојното поле. Всушност, нашата исклучително самоуверена војска тестирана на бојното поле ќе биде главно средство за трансатлантската безбедност во децениите што доаѓаат.

На боиштата во Украина, се има родено нов вид на војување, а токму украинските војници – не оние на Русија – се тие кои имаат смислено нови и често генијални тактики. Додека речиси сите членки на НАТО имаат оскудно искуство со војни од големи размери во дваесет и првиот век, војската на Украина – од новопримени војници до генералштабот –разбираат дека технологијата и поединечното одлучување, до ниво на вод, ќе бидат клучот за воениот успех во наредните децении. Нашиот е нов модел на војска што Европејците ќе сакаат да го следат во однос на обука, тактики и одговорност дадена на секој војник.

Факт е дека украинската војска е неспоредливо најдобрата борбена сила  во Европа во догледна иднина. А НАТО може да биде сигурен дека секогаш ќе се одржува на врвна подготвеност. Ние плативме висока цена за тоа што бевме неподготвени за војна во 2014 година, кога Русија првпат ја нападна нашата територија и го зазеде Крим. Тоа нема повторно да се случи. Ние ќе бидеме сојузник подготвен и способен да ја брани секоја педа од територијата на НАТО од првиот ден на нашето приклучување.

Таа возвишена посветеност да ги браниме нашите сојузници е нешто што сум сигурна дека Украина ќе поддржува. Членките на НАТО треба да се потсетат дека кога војната започна, ние бевме „сами“ на ист начин на кој Винстон Черчил го гледаше како само Обединетото Кралство во пролетта 1940 година. Но, ние не се колебаме да застанеме и да се бориме. Нашето единство, упорност и непоколебливост во тие мрачни часови, денови и недели треба да ја имаат почитта од сите членки на НАТО. Нашата е нација која ќе се бори за слобода без разлика на шансите.

Што се однесува на нуклеарната закана, токму статусот на Украина како земја која не е членка на НАТО ги овозможи нуклеарните закани на Кремљ. Немаше никакви нуклеарни закани во Европа со децении пред руската целосна инвазија на Украина во 2022 година. Но, бидејќи Украина не е членка на НАТО, руското лидерство постојано се заканува дека ќе распореди тактичко нуклеарно оружје во текот на сегашниот конфликт.

Постои уште една причина зошто Украина би била предност за НАТО: кога ќе заврши војната, Русија сé уште ќе биде во соседството. Јас не поседувам кристална топка, не можам ни да почнам да погодувам кој ќе ја води Русија во тој момент. Но, знам дека обичните Руси – кои претрпеле децении деспотизам и кои веќе изгубиле 100.000 или повеќе од нивните синови во неуспешната агресорска војна – ќе бараат пример за општество кое го посакуваат за себе.

Просперитетна украинска демократија, целосно интегрирана во НАТО и Европската унија, може и мора да биде тој светол пример. Плативме превисока цена за да се задоволиме со нешто помалку.

Јулија Тимошенко е поранешна премиерка на Украина.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: What Ukraine Brings to NATO. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: PROJECT SYNDICATEЈУЛИЈА ТИМОШЕНКОНАТОУкраина

НАЈНОВО

Двајца мртви и 192 повредени во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во ЛШ

June 1, 2025

СДСМ: Дали Драган Казак Петрушев ги заклучил децата во Пулс, а ВМРО-ДПМНЕ го штити?

June 1, 2025
Поранешен претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ

Пендаровски: Давкова е невидлива и не се прашува за ништо

June 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Автодиверзија врз сопственото постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Француска собарка – новиот симбол на политичкиот речник на ВМРО-ДПМНЕ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пендаровски за Дојче Веле: Оваа власт нема намера да оди кон ЕУ, одиме кон држави кои не се демократски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказната на Соња Иванова и нејзината книжарница на отворено

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk