ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КОМЕНТАРИ

Калајџиев против самиот себе: На 27 април имаше и немаше тероризам

May 5, 2021 22:21
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Велепредавство и терористичко загрозување на уставниот поредок“ или „драконски казни за луѓе за кои е тешко да се конструира намера за вршење на преврат на власта“… Овие две изјави делуваат како да се дадени од две остро спротивставени страни, а не од еден ист човек – професор по кривично право. Но и тоа е можно, ова се две изјави од истата личност дадени во два различни периода.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев, инаку и претседател на Хелсиншкиот комитет за човекови права, во 2017 година, на само неколку дена по насилниот упад во Собранието изјави дека тоа што се случило е велепредавство и треба тешко да биде казнето.

„Насилното менување на органите, односно Собранието, е велепредавство и тешко се казнува. Загрозувањето на поредокот што е намерно направено со акт на сила и присилба е предвидено исто како конкретно кривично дело – Терористичко загрозување на уставниот поредок“ – изјави Калајџиев на 2 мај 2017, само неколку дена по настаните во Собранието и пред таквата карактеризација на делото да биде објавена од страна на јавното обвинителство.

Сега, четири години по крвавиот четврток, Калајџиев во гостувањето во емисијата „Неделен брифинг“ со ноторниот „адвокат“ на режимот, Сотир Костов, излегува со спротивни ставови и смета дека казните изречени за настаните од 27 април се драконски(!).

„Намерата е деликатна во кривичното право. Многу е тешко да се оквалификува како тероризам еден настан, со оглед на тоа дека тероризмот оди со повеќе дејствија, организирана група, а многу е тешко да се конструира од еден настан, инсцениран, што е резултат на некоја акција, да го оквалификувате како тероризам заради насилството, или пак дека директно е насочен против уставниот поредок со намера да се направи преврат“ – изјави „новиот“ Калајџиев.

На кој Калајџиев да му веруваме, на тој од пред четири години или на денешниот „Трансформер“? Што се случи во меѓувреме? Вообичаено е ставовите со текот на времето да се менуваат, но најчесто се придружени со дополнителни аспекти и аргументи, па до некаде и се ублажуваат, но најчесто одат во насока на нивно зацврстување.

Во овој случај, јавноста е сведок на едно необјасниво нагло свртување во обратната насока. Ова не е чест, но секако не и единствен случај на нагло, ненајавено и необјасниво „трансформирање“. Да се надеваме дека еден ден јавноста ќе дознае кои сè фактори влијаеле на оваа појава.

Д. Е.

Next Post

Половичен одѕив за вакцинирање, следната недела можно дополнително попуштање на рестрикциите

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk