ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Септемвриско заседание на Европскиот парламент

September 16, 2024 09:42
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Од денеска до четврток во Стразбур ќе се одржи пленарно заседание на Европскиот парламент на кое централен настан ќе биде дебатата на европратениците со унгарскиот премиер Виктор Орбан, посветена на претседавањето на Унгарија со ЕУ.

Покрај пленарната сесија, за утре во Стразбур е предвидено претседателката на Европската комисија да ги презентира предлог-составот на новата ЕК и распределбата на ресорите меѓу еврокомесарите пред членовите на парламентарната Конференција на претседатели, што ја сочинуваат претседателката на ЕП, Роберта Мецола и првите луѓе на пратеничките групи.

Заседанието ќе започне доцна попладнево со дебати за Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството во ЕУ, за проблемите со илегалната миграција и за појавите на антисемитизам, говор на омраза и злосторства мотивирани од омраза во Европа.

Утре заседанието на ЕП ќе продолжи со дебата на европратениците со претставници на Европската комисија посветена на последниот развој на настаните во Украина. Од оваа дебата треба да произлезе резолуција во која се очекува европратениците да ги повикаат земјите членки на ЕУ да продолжат со обезбедувањето воена и финансиска поддршка за Украина. Гласањето по оваа Предлог-резолуција е предвидена за в четврток.

По ова пред пратениците ќе се обрати и поранешниот италијански премиер и некогашен претседател на Европската централна банка, Марио Драги, кој на пленарната седница ќе го претстави својот План за зајакнување на конкурентноста на ЕУ, по што ќе се одржи дебата по документот.

Попладне заседанието ќе продолжи со дискусии за ситуацијата во Појасот Газа и на Блискиот Исток, за случувањата во Венецуела, за состојбата во Европската енергетска унија, за резултатите од министерска конференција ха Г20 во Рио де Жанерио, како и за борбата против нееднаквоста.

В среда по дебатата со Орбан за програмата на унгарското претседавање со Советот на ЕУ во вторите шест месеци од годинава, европратениците ќе расправаат со претставници на ЕК и на Европскиот совет за правилата на Унгарија за издавање дозволи за престој на странци, вклучително и на државјани на Русија и Белорусија, за што некои членови на ЕП изразија „загриженост во врска со можните безбедносни ризици во Шенген зоната“.

Во продолжение ќе се одржи тематска дебата за ризиците од организираниот криминал по безбедноста на Унијата и нејзините граѓани, по што Советот на ЕУ пред пратениците ќе го презентира својот став за предлог-буџетот на блокот за 2025 година. Европратениците својата позиција во однос предложената буџетска рамка треба да ја утврдат во октомври, по што ќе следат разговори меѓу ЕП и Советот на ЕУ за усогласување на Буџетот за следната година.

Попладневната сесија в среда ќе продолжи со дебати за одговорот на ЕУ на појавата на мајмунски сипаници, за случаите на кршење на човековите права и принципите на демократијата и владеењето на правото, за влошената положба на жените во Авганистан по неодамнешното усвојување на Законот за промоција на доблеста и спречување на пороците, како и за состојбата на политичките затвореници во Белорусија.

В четврток, на последниот ден од парламентарното заседание, европратениците ќе дебатираат за последиците од сушите и екстремните временски услови врз локалните заедници и земјоделството на ЕУ, за пресудата на Судот на правдата на ЕУ во врска уплатата на даноците од страна на американскиот технолошки гигант „Епл“, како и за опасноста од кривично гонење на борците за заштита на животната средина и на свиркачите за еколошки прашања и потребата од нивна заштита.

На четврточното заседание покрај за Резолуцијата за Украина, европратениците ќе гласаат и за Предлог-резолуција за состојбата во Венецуела, што треба да произлезе од вторничната дебата, како и за Договорот меѓу ЕУ и САД за лансирање на сателити од европскиот навигациски систем Галелео од американска територија.

Дополнително, на прес-конференција во Европскиот парламент во Стразбур в среда попладне ќе бидат објавени и петте филмови номинирани за Наградата ЛУКС на Европската филмска академија за 2025 година.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕПзаседание

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Украина и Русија во Истанбул договорија размена на воени заробеници

June 2, 2025

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

June 2, 2025

Јахоски патувал надвор од државата со пасош издаден од МВР по решение на Апелација

June 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • СДСМ: Правеле зграда каде што била предвидена улица, хаос со дивоградбите во Чаир

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Завршија преговорите Русија – Украина во Истанбул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додека лавчињата се касаат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Мицкоски му било жал што Арсовска добивалa закани по живот, таа вели – ми спуштаат на 192 кога ќе се претставам кој се јавува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Меѓународниот ден на детето одбележан со посветеност и емпатија во Амбасадата на Република Словачка во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk