Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Пред пет години жителите на швајцарското село Албинен на референдум решиле дека на секој човек кој ќе сака да живее во нивното убаво село ќе му дадат куќа и по 25.000 франци на него и на партнерката плус по десет илјади евра за секое дете. Истото важи и ако доаѓа доселеничка со партнер. Нема родова дискриминација, нормално. Единствен услов е доселениците да потпишат договор дека тука ќе живеат најмалку десет години. Во спротивно ќе мора да ги вратат парите пред да заминат од оваа планинска убавина.
Албинен има стотина и кусур убави куќи и сѐ што е потребно за убав живот, амфитеатрално е положено на еден зелен и шумовит брег, близу до прочуената Кран-Монтана.
Го објавувам ова затоа што сакам да им помогнам на луѓето кои сметаат дека животот во Македонија е неиздржлив, дека државата е уништена, опљачкана и обезмакедончена, особено за вмороните, тие кои се особено разочарани, на неутроните и на сите Македонци кои го преживеале поморот на родот и холокаустот. Загубеното име и националното достоинство.
Мислам дека Албинен е царска замена за македонскиот логор во кој ненародната власт на СДСМ и ДУИ секој ден го касапат сопствениот народ и, што е најважно, никако да се случи спасоносниот потег и ВМРО да дојде на власт. Тоа, како што знаеме, требаше да се случи час поскоро, а сега тој час се претвори во неподнослива вечност.
Сите напори на Катерините, на љубимецот на народот познат под името Горанчо, на Софија, на Малинка и Бананарама, на академските фишеци за семки, да, на Биби, на сите телевизии и весници и портали, минус два-три, не ги дадоа очекуваните резултати и покрај огромните купишта пари и средства за анестезирање на разумот и совеста.
Фактот дека жителите на Албинен ја донеле новата имиграциона стратегија во времето кога во Северна Македонија почна да се раѓа автошовинистичката хистерија со антиевропско полнење и неверојатни оглупавувачки курсеви во медиумите и опозициските партии, ме тера да размислувам дека Албинијанците ја донеле мерката како знак на солидарност со напатениот и обезличен македонски народ кој се спрема на исчезне.
Само уште едни избори го делат од смртта.
Еден селанец под дејството на неколку кригли пиво во селската кафеана, уште пред пет години изјавил дека тој би се убил да мора да живее во Македонија, а ако притоа мора да биде и Македонец, самиот би се распнал на крст, со тоа што би замолил некој вморон да му ја закова десната рака оти не би можел со таа рака самиот да си ја закова десницата.
Нормално.
Постои, се разбира, можност Македонци со по три-четири деца, да влезат во Албинен, да земат стотина илјади франци и под закрила на ноќта, во некои багажници, во шлепер со мк таблички (Ацо, внимавај) или пешки низ шумските патеки да се вратат во Инџикиво, демек, на својот начин на живот, но јас тоа не го препорачувам иако на некои луѓе им е тешко да одолеат на тој предизвик, како Дафа ин д парламент, цум бајшпил, затоа што Швајцарците се најорганизирана заедница и таквите лопужи ги фаќаат на излезот од селото.
Велат дека Груевски би го фатиле уште додека едната нога му била во гепекот, а другата на светата швајцарската земја.
Хахаха!
Ете почитувани сострадалници, толку од мене.
Кога сите би се грижеле како Тричковски и би барале по светот згодни замени за Македонија, односно живеалишта за Македонците кои не можат без работа да седат по повеќе од десет часа на кафеански тераси и да пијат џимбимови, друга песна ќе се пее, а не само „Нешто ќе те питам бабо“ и „Ваташа“.
„Ние сме супер, они не чинат. Како му текна, браво. 3 лајкови.“
Напишал Мирко Попов под колумната на веќе споменатиот сенароден љубимец, Ѓорѓе Балашевиќ во сферата на таканаречените медиуми. Новинарот чиј пишан глас ја има мекоќата на Божо Вреќо, а во хармонијата со емоциите на македонскиот народ, звучи како Селимова-Желчевски во едно.
Не ја прочитав колумната.
Такви ментални исероци не читам.
Само коментарот на Попов, на кој на лице место му упатив лајк, а сега му упатувам уште сто честитки.
Плус опремата и еден прелет.
Горанчо мисли дека тој не е виновен што ВМРО ќе се врати на власт.
Тоа му е најважно.
Тој смета дека не се виновни ниту неутроните, ниту вмороните, ниту Бредли Купер, ниту Бјанка на Кање Вест.
Виновна е власта за чие време гореле автобуси и болници и се случувале многу други несреќи.
Тука се битни две работи.
Прво, кај Горанчо има некаква свест дека доаѓањето на ВМРО на власт е некаква, да не речеме голема, еве јас викам епохална несреќа.
Тоа е многу важно и се однесува за сите говњари кои седум години работеа и тоа интензивно работеа, на тоа злото да се врати на власт.
За кое тие имаа свест.
Знаеја што поддржуваат.
Тој за себе и за сите, сега, кога е малку касничко, можеби, наоѓа алиби и несреќата ја фрла во втор план во однос на темата кој е главен виновник за таквиот развој на настаните.
Па ја наоѓа во власта.
Власта, се разбира не е невина.
Но и тоа не е најважно, дури и кога би прифатиле дека власта е единствениот виновник.
Кампањата против власта, значи не критиката, кампањата каква што беше руската кампања против Мариупол, таквата кампања, злосторничка во својата суштина, во која Горанчо беше генерал на Вагнер, доведе – не до тоа што ќе се врати ВМРО, нека се врати, кој го ебе, туку до растурање на општеството до реално размакедончување, до десубјективизирање на Македонците и на Македонија.
Да не јадевте толку интензивно и обилно говна и вие и ВМРО сите овие седум години, да бевте нормални актери, ВМРО веќе ќе беше на власт, а ние ќе бевме капацитирани да го поднесуваме, да се бориме против него и ако дојде ред да го смениме.
Вие ги обезбедивте условите во кои вмро нема каде да се врати на власт.
Вие ја сведовте македонската нација на идиоти кои бараат гаранции за националниот идентитет, значи како една крајно дефектна и проблематична категорија, пропуштајќи ја можноста за трајно решение во ЕУ.
Зошто?!
За да може да се продолжи кампањата и во лошото, кое е нереално лошо, произведено е во вашите колумни, најдат доволно причини да се смени СДСМ.
Тоа, всушност, беше главната работа.
Легитимна, но со нелегитимни методи, без сметка за контекстите, мирновременско злосторство од највисок ранг.
Убиство на нацијата со колумни.