Пишува: Сафит Зеќири
Тече последната година од четирите откако го почнаа мандатот градоначалниците на општините. На почетокот сите нови градоначалници во многу општини наидоа во големи долгови, за што се заложи и државата од нејзината касата да подмири дел од нив. Очекувањата беа големи за промените кои беа најавени за следните четири години според програмата која се презентираше за време на изборната кампања на локалните избори.
Промени има, но, не и до тој степен на воодушевување. Кај урбаните општини каде што се чекаше запирање на никнувањето на новите згради, истото продолжи. Се стеснуваа парковите, а некои и ги снема. Инфраструктурата во овие урбани општини се една не-архитектонска хармонија или голем кич, како што ќе речат многуте архитекти.
Во некои улици познато во нашето поднебје, проблемите со канализација, водоснабдување, хигиената, уличното осветлување и другите слични проблеми се исти, без некоја промена. Во истите овие урбани општини сеуште висат “пајажини” од електричните кабли, за подземно е многу скапо, а поскапување на електричната енергија за домаќинства останува без решение.
Легализирани нови бесправни објекти, а постоечките уште чекаат од 2011-та година, зошто толку чекање уште не е јасно.
Следат околу десет месеци за да се исполнат втувањата и со полна пареа да се посвети внимание на програмите кои се презентираа за време на кампањата. Без да се мисли дали ќе се остане во таа позиција или ќе ги замени некој друг.
Административната поделба на Република Северна Македонија ги опфаќа административните едници од кои е составена државата. Таа ги опфаќа општините, но тука се вбројуваат и регионите кои имаат статистички цели. Во август 2004 година, а дополнително во 2013, Македонија била реорганизирана на 80 општини од кои 10 го сочинуваат Градот Скопје, кој е посебна единица на локална самоуправа.
За големиот број на општини во Република Северна Македонија, треба да се направи добра анализа за да се скрати нивниот број или реорганизирање.