ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Како вештачката интелигенција ќе го промени новинарството?

August 10, 2023 08:15
in PMD, TECH FRONT, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
вештачка интелигенција
Share on FacebookShare on Twitter

На почетокот на јули Асошиејтед Прес склучи договор со Open AI, креаторот на Chat GPT, за лиценцирање „дела од текстуалната архива на Асошиејтед Прес“, а за возврат ќе добие пристап до „технологијата и стручноста на Open AI“.

Неколку дена подоцна, Open AI најави донација од пет милиони долари, заедно со пет милиони долари кредит за користење на софтверот, за American Journalism Project, организација која поддржува непрофитни редакции.

Во меѓувреме Гугл наводно на големите новинарски куќи Њујорк Тајмс, Вашинготн пост и Волстрит Журнал, им го претставил новиот софтвер за новинари „личен асистент“, кодно име за Genesis, кој собира информации и генерира вести.

Бројни новинарски организации, вклучувајќи ја G/O media, која ги поседува Gizmodo, Jezebel и The Onion, експериментираат со содржини во форма на блог генениран од нула.

Дигиталната медиумска компанија со фокус на глобалните вести, Семафор, објави дека следниот значаен состанок помеѓу новинарските организации и компаниите за вештачка интелигенција би можел да се случи на суд, за да се изврши притисок за усвојување закон од оваа област.

Медиумските организации не бараат поддршка или истражувачка соработка зашто според нивното мислење компаниите за вештачка интелигенција системски крадат содржини за да ги обучат софтверските модели да ги копираат. Тие бараат компензација која би можела да се „брои во милијарди“.

Паниката во медиумската индустрија е резултат на сеопфатното чувство на изложеност на облиците на автоматизација во комбинација со чувство на длабока загриженост за предизвиците.

Постојат неколку теории околу тоа што би можело да се случи во овој однос, а една од нив е дека вештачката интелигенција ќе го замени новинарството зашто тука се онлајн новинарските агенции кои се подготвени да генерираат повеќе содржини на наједноставен можен начин.

CNET, страница со технолошки вести, беше меѓу првите кои ја усвоија оваа стратегија, но се повлече откако беше откриено дека нејзината слабо читана содржина е полна со невидени грешки. G/O дава прилика за слична стратегија и покрај антагонизмот на синдикално организираните вработени.

Ако ботот не може уверливо да креира содржина која сакаат да ја читаат луѓето или барем содржина со која издавачите на некој начин можат да добијат прегледи за огласите, тогаш планот не успева. Ако G/O може да замени купишта содржини со тематски постови генерирани од вештачката интелигенција и да го задржи читателството планот повторно не би успеал, зашто ако G/О може да го направи тоа, тогаш може секој.

Трошокот за прегледаниот пост на блогот ќе се приближи до нула и, како и другите содржини кои веќе се автоматизирани во голема мера (тримесечните извештаи за заработката, временските прогнози, спортските резултати), ќе престанат да се креираат вредни содржини.

Со други зборови, целосно автоматизиран блог не може да опстане. Малку е веројатно дека која било постоечка новинарска организација на крајот ќе ја истражи таквата можност иако постои привлечност кај менаџментот.

Имено, би се соочиле со проблем на потполно автоматизирани вести, креирани од необични машини за синтеза, врз основа на веќе достапни информации и без никакво опозициско дејствување.

Другата теорија е дека вештачката интелигенција ќе го унапреди новинарството. Еден пример е уредникот на Инсајдер, Николас Карлсон, кој даде дозвола за користење алатки како Chat GPT, оценувајќи дека генеративната вештачка интелигенција може да ги направи подобри уредниците, новинарите и продуцентите, со предупредување дека таквите алатки можат да пружат неточни информации.

Оптимистичната теорија за ваквите алатки е дека тие едноставно ќе ги направат некои новинарски операции попродуктивни, делумно автоматизирајќи ги процесите на пишување и транскрипција ослободувајќи време за, да речеме, вистинско известување. Но веста е нова и вредна заради тоа што го открива, а не заради стилот на нејзиното објавување или дистрибуцијата.

Ваквото мислење ги сместува алатите како Chat GPT во спектарот со претходните облици на автоматизација во и околу работењето со вестите, од програмите за обработка на текст и проверката на правописот до интернет издаваштвото и социјалните медиуми и зазема идеалистички поглед на новинарството и неговата функција во светот.

Третата теорија е дека вештачката интелигенција ќе го проголта новинарството. Редакцијата што сака автоматизација ќе создаде плодно тло за работни спорови, бидејќи работните места суптилно се менуваат со воведувањето нови машини и со менувањето на очекувањата на управата.

Меѓутоа, се чини дека во новинарството би можела да се развие рана битка за влијанието на вештачката интелигенција помеѓу новинарските организации и технолошките компании во форма на тужби и договори за споделување содржини.

Тоа би ги претворило новинарските агенции во мали сервиси кои немаат потреба да пишуваат цели прилози за дистрибуирање. Новинарските организации кои стануваат помошници во усовршувањето на вештачката интелигенција и кои на истата ѝ овозомжуваат податоци, предвидуваат целосна доминација на технолошките компании и бришење на медиумите како посебна индустрија.

Како и многу дискусии за вештачката интелигенција, овие пристапи нудат шпекулативни решенија за шпекулативни проблеми. Иако не се баш пријатни, тие сепак се помалку тмурни од ситуацијата во која се наоѓаа редакциите на почетокот од 2023 година.

Некои аспекти на пишувањето вести веројатно ќе се автоматизираат полесно отколку што сметаат скептиците. Блумберг веќе со години користи алатки на вештачката интелигенција за да ги поедностави финансиските извештаи, а телеграфските служби повеќе од една деценија користат генератори за прилози за пишување спортски репортажи и извештаи за приходите.

Превод: Алек Кузмановски / Окно.мк

Извор: 6yka.com

Tags: вештачка интелигенцијановинарство
Next Post

Герасимовски: Продолжуваат зачестените контроли на градилиштата - инвеститорите да градат согласно одобренијата

Shortcut

Најново

Љутков и Перински од Струмица: Секоја нова инвестиција значи нова можност за локален, културен и туристички развој  

June 17, 2026

Филипче за Преспанскиот договор: Храбрите политики ја внесоа Македонија во НАТО, кукавичките ја држат сега во место

June 17, 2026

Сторијата „Женското е туѓа фамилија“ на Лени Фрчкоска и Марта Стевковска наградена со „Гласник на невидливите“

June 17, 2026

ВЛЕН: „One Stop Shop“ со Албанија ги зајакнува економските, туристичките и семејните врски

June 17, 2026

СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

June 17, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турските граѓански организации целосно изоставени од програмата за финансиска поддршка на Министерството за односи меѓу заедниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk