ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

ВМРО-ДПМНЕ прво да ја прекине сопствената (владина) дестабилизација на државата

August 10, 2024 17:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

За ВМРО-ДПМНЕ да бара оградување од „план за дестабилизација на државата“ од било кого – прво треба да ја прекине сопствената (владина) дестабилизација на државата

1. Факт: „Дестабилизацијата во септември“ најавена од премиерот е „гласно одмолчана“ од безбедносните институции, па ВМРО-ДПМНЕ мора да ја џвака на партиски ПРЕС-ови, а Мицкоски „на сред драма“ замина на одмор.

Значи темата не е безбедносна, туку политичка и партиска. Затоа, наместо да влегуваме во стапицата на Пи-аР-от на „Белата палата“…

2. Да ги наброиме сите обиди за дестабилизација на државата во овие три месеци од страна на (Владата на) ВМРО-ДПМНЕ:

А) Прв обид за дестабилизација е пораката на иредентизам при себепромовирањето на Давкова во „претседател на Македонија“, иако опсегот (на институцијата претседател) на Републиката е во државните граници на Северна Македонија.

Б) Вториот обид е истовремен: во истата изјава на Давкова е содржан обидот за нарушување и на Преспанскиот договор (како однос кон Грција) и на појаснувањето во ОН дека името на државата не пледира на други делови од северното подрачје на регионот Македонија (како однос кон Бугарија). Обете дестабилизации целеа кон предизвикување вето кон ЕУ-интеграциите на РСМ од Грција и Бугарија, иако тие се утврден национален и надетнички приоритет.

В) Трет обид е условувањето на гасната интерконекција на Северна Македонија од Александрополис со продолжувањето на гасната врска кон север и североисток. Мицкоски ова го најави уште пред стапувањето на премиерската должност: енергетската безбедност и гасификацијата на земјата како економска потреба ги стави во зависност од продолжувањето на оваа гасна мрежа кон Србија и Унгарија.

Г) Четврт е активниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за прекинување на изградбата на коридорот 8, кој е транспортен, економски и – одбранбен. Затоа Мицкоски го премолча првиот меѓународен документ потпишан од неговата Влада на Самитот на НАТО во Вашингтон, а Мисајловски ги минимизираше обврските од него – за обезбедување брз транспорт на воени трупи и опрема од Италија, преку Албанија и Северна Македонија до Бугарија. Преку Коридорот 8.

Д) Петтиот обид за дестабилизација е во игнорирањето на фактот што владиното мнозинство не обезбедува т.н. „Бадинтерово мнозинство“, како инструмент формиран за заштита на немнозинските заедници од мајоризација.

3. Обидот на ВМРО-ДПМНЕ да се промовира во ексклузивен претставник на Македонците, затоа, изискува реторичка поларизација кон Албанците, но во суштина е втемелен и на вшмукување на политичкото претставништво на сите Немакедонци и Неалбанци во своите пратенички редови, што секоја опозиција цели да ја претстави како „непатриотска“.

Токму обидот за изигрување на Рамковниот договор кој е составен елемент на Уставот и по слово и по дух е дестабилизација (на уставното уредување) на државата.

4. За ВМРО-ДПМНЕ во следните две седмици од суштинско значење е да ја навлече опозицијата на „правдање“ од хипотетичка закана (ДУИ) и во „колнење во верност кон етно-партиското единство“ (СДСМ) – за ВМРО-ДПМНЕ да остане доследно кон обврските кон југословенската коморска тајкунерија во Скопје.

Конкретно, Северна Македонија да (о)стане: Оф-шор зона на парите испумпани од поранешните советски и југословенски пространства и Палир на изградбата на коридорот на „српскиот свет“ кон Солун за руски воено-стратешки и кинески економско-стратешки потреби кон (кандидатите и) земјите-членки на ЕУ и членките на НАТО на европско тло.

5. Игнорирањето на повиците на Мицкоски и ПРЕС-овите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа, е од есенцијално значење.

Ако некој треба да се правда за дестабилизацијата на државата уште пред истекот на стоте дена од формирањето на Владата – тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните владини партнери.

6. А пораките до ВМРО-ДПМНЕ треба да гласат:

А) Ако имате намера да се борите против корупцијата и криминалот, да се донесат закони за примена на рестриктивни мерки и за ветинг.

Б) Ако имате намера да го водите евроинтегративниот процес, да се донесат дополнувањата на Преамбулата.

В) Ако продолжите да ја дестабилизирате државата, отпорот кон вашата деструктивна политика е должност.


Текстот е личен став. Преземено од Фејсбук профилот на Авторот.

 

 

Tags: дестабилизацијаИвон величковски
Next Post

Кари ги потопи Французите во Берси за златен медал на САД на кошаркарскиот турнир на Олимпијадата во Париз

Shortcut

Најново

Високи затворски казни во Хаг за косовските лидери на ОВК: Ахмети и ВЛЕН со остри реакции за пресудите

September 16, 2026

Хашим Тачи од судот во Хаг прогласен за виновен за воени злосторства, осуден на 25 години затвор

September 16, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Назадувањето на демократијата има човечка, економска и безбедносна цена

September 15, 2026

Од 15 до 18 октомври започнува 45. Скопски џез фестивал: Четири вечери, 13 земји и ексклузивни концерти

September 15, 2026

Партиски пресметки за судството: СДСМ обвинува за неказнивост зa Кочани, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со модуларната болница во Тетово

September 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медиумски пирати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk