ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

(ВИДЕО) Порозни пристаништа – Истражување на поморските балкански патишта

July 26, 2022 15:19
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Пристаништата со контејнери во Југо-Источна Европа стануваат сè поранливи на трговија со
недозволени стоки, се вели во извештајот насловен „Порозни пристаништа: Истражување на
поморските балкански патишта“, публикуван денеска од Глобалната Иницијатива Против
Транснационалниот Организиран Криминал.

Истакнувајќи голем број големи заплени на кокаин, хероин и цигари од 2018 година па до ден
денеска, авторите сугерираат дека традиционалниот „балкански пат“ за трговија преку копно се
надополнува со поморски патишта кои стигнуваат до пристаништата во Јадранското, Егејското и
Црното море.

„Се чини дека има промена во моделите и шемите на шверц “, изјави коавторот Волтер Кемп.
„Тоа веројатно е така поради мерките наменети за ограничување на миграциските текови и
КОВИД; ефектот на поместување на големите заплени на кокаин во Белгија и Холандија; и
прекинот предизвикан од војната во Украина, шеверцерите сега бараат алтернативни патишта.”

Големите заплени на кокаин – обичично задскриени во кутии со банани – во пристаништата како
Драч (Албаниа), Плоче и Ријека (Хрватска) и Солун (Грција) предизвика сомнеж дека
пристаништата во Југо-Источна Европа стануваат се поатрактивни за трговците со луѓе. Овие
констатции идат во прилог на големите заплени на хероин во пристаништата Констанца
(Романија), Копер (Словенија) и Варна (Бугарија), како и долгогодишниот проблем со шверцот на
цигари, кој се одвива особено преку пристаништата Бар (Црна Гора) и Пиреја (Грција).

На картата се прикажани пристаништата (во Албанија, Бугарија, Хрватска, Грција, Црна Гора, Романија и Словенија) кои ја формираат основата на анализата во оваа студија. Овие пристаништа беа избрани за да обезбедат преглед на различни типови на пристаништата (врз основа на големината, сопственоста, локацијата и историјата на заплените) и да се проценат нивните ранливост на организиран криминал

Базираните заклучоци се врз студија на случај за овие девет комерцијални пристаништа во
регионот, а извештајот ги следи главните рути на трговија со луѓе и ги објаснува употребените
техники за прикривање. Извештајот, го разгледува и екосистемот на пристаништата и нивните
ранливости и ги опишува криминалните актери кои дејствуваат во и околу пристаништата.

„Во некои пристаништа, се чини дека постојат ќелии на криминални групи кои работат како дел
од пошироки транснационални мрежи“, вели главниот автор Руџеро Скатуро.
„Неколку пристаништа се магнети за криминал, кои не само што ги привлекуваат локални
криминални групи туку ги привлекуваат и оние од земјите без море на кои им е потребен излез
до морето. Зголемените инвестиции во инфраструктурата ќе ги направат балканските
пристаништа попривлечни за бизнисот – законски и незаконски. Затоа е важно да се подобри
безбедноста на регионалните пристаништа, како и да се зголеми соработката меѓу институциите
за спроведување на законот долж поморските балкански рути“, додава тој.

Во извештајот се забележува дека безбедноста на пристаништата во југоисточна Европа е подобрена во изминатата деценија поради поголемите инвестиции во технологијата, усогласувањето со меѓународните безбедносни стандарди, како и поддршката и обуката од организации како Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и ЕВРОПОЛ, и билатерална помош.

Но, како и во другите пристаништа низ светот, техничките подобрувања понекогаш се
поништуваат поради корупција.

Извештајот, истовремено, ја нагласува и ранливоста на реката Дунав од нелегална трговија.

„Се чини дека Дунав е „слепа точка“ и таа заслужува поголемо внимание, особено поради
потенцијалот за шверц на гориво“, вели Кемп.
„Заканата од нелегалните пазари околу Црното Море треба да поттикне поблиска регионална
соработка со главна цел а таа е за спроведување на законот“, предложи тој.

Авторите, дополнително, препорачуваат поголема соработка помеѓу управителите на
пристаништа, полициите, бродските компании и царинските агенции долж познатите рути на
нелегална трговија, на пример помеѓу Латинска Америка, Западна Европа и Западен Балкан.

„Треба да преминеме од само гледање на безбедноста на пристаништата кон следење и
нарушување на транснационалните текови“, заклучува Скатуро.

Извор: ЦивилМедиа

Next Post

Условни казни за седуммина обвинети кои признаа вина за настаните пред Собранието

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk