ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Тренчевска: Родовите улоги во општеството ја создаваат дискриминацијата

October 3, 2023 21:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Стереотипите и предрасудите се најголемата причина зошто на пазарот на труд има јаз од дури 20,3 проценти помеѓу мажите и жените, вели министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Најголем дел од жените, според Тренчевска, се грижат за домот и семејството, и тука причините треба да ги бараме во стереотипите и предрасудите.

– Во Родовиот индекс кој што го промовиравме од неодамна и публикацијата „Жените и мажите“  бројките покажуваат дека најголем дел од неактивно население се жените. Тоа ја оневозможува државата да го искористи целосниот потенцијал на жените и максимално да го искористи човечкиот капитал во државата. Неактивноста на жените е 55,1 процент, за разлика од мажите кој изнесува процентуално 32,8 отсто, додека родовиот јаз помеѓу мажите и жените на пазарот на труд е 20,3 проценти. Причините ќе ги бараме во стереотипите, предрасудите и грижата на жените за домот и семејството, особено тоа е случај во руралните средини, изјави Тренчевска во емисијата Топ тема на Телма Телевизија.

Според Тренчевска, родовите улоги, поврзани со улогата на девојчињата и момчињата во општеството ја создаваат дискриминацијата.

– Ние имаме задолжително основно и средно образование, тука нема дискриминација. Кога одите понатаму, во високото образование, ќе видите дека вклученост на девојките е многу поголема за разлика од вклученоста на момчињата во високото образование. Магистерски студии, докторски студии, бројките исто така покажуваат дека жените во поголем процент завршуваат и магистерски и докторски студии. Но, во пазарот на труд, на високите раководни позиции се губи таа бројка кај жените, и овде доминантни се, особено на раководни позиции, онаму каде што се креираат политиките, каде што се носат одлуките, доминантна е присутноста на мажите, вели министерката.

Во однос на новиот Закон за родова еднаквост, Тренчевска посочи дека се работи од 2019 година транспарентно со граѓански сектор, институции и вклученоста на Собранието, нагласувајќи дека ќе биде јавено претставен и тогаш ќе го коментира кога ќе бидат организирани и јавни дебати.

– Во меѓувреме имавме парламентарни избори, па локални избори, ковид криза, па имаме година дена анти-родови движења, кои што го оспоруваат донесувањето на законот… Се работеше транспарентно и на никој не му сметаше првичниот текст, кој беше многу понапреден до тоа што е денес. Да, во еден момент се појават граѓански организации кои се крајно десно конзервативни, кои што низ призмата на некаква друга идеологија и со мешање на Законот за матична евиденција, каде е правното признавање на родот, со Законот за родова еднаквост, направија терминот родова еднаквост како концепт, како човеково право биде ѓаволска работа. Тоа е дел од анти-родовото движење што е присутно во Европа, изјави Тренчевска.

Целта на Законот за родова еднаквост, според Тренчевска, е да се зајакнат механизмите, бидејќи имплементацијата на законот не ја прави МТСП, туку ја прават сите институции во државата.

– Свеста на секој еден вработен во администрацијата дека треба да овозможи секој подеднакво, без разлика дали е жена или маж треба да ги ужива истите права. Не треба да се прави дискриминација, треба да се овозможи еднакви можности и еднаков пристап на секој граѓанин, изјави Тренчевска.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: дискриминацијародови улогиТренчевска
Next Post

Придржувањето до Преговарачката рамка ги исклучува стравувањата од нови барања од Бугарија, порача Ковачевски

НАЈНОВО

Голема победа на ракометарите на Вардар во Тулуз

October 21, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Крадците од музејот Лувр предизвикале штета од 88 милиони евра

October 21, 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу статус кво-то и вистинска промена

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk